Бадел ја спаси првата меч топка против Крива Паланка

Кошаркарките на Бадел ја спасија првата меч топка откако славеа на третиот натпревар од финалната серија против Крива Паланка на домашен терен со 71-69 и намалија на 2-1 во финалната серија во шампионатот на Македонија.

Гостинките напаѓачки подобро го отворија натпреварот и по десет минути игра имаа предност од 19-24. По израмнетиот втор период Крива Паланка успеа ја пауза меѓу двете полувремиња да замине со позитива од шест поени 37-43.

Бадел заигра многу подобро во вториот дел. Се приближуваа до противникот, а на 30 секунди до крајот со поените на Чолакоска успеаја да стигнат до израмнување 69-69. Робинсон промаши чисто положување, а тоа го казни Чолакоска која на две секунди до крајот го донесе Бадел до победа од 71-69.

Арин Фриман со 25 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Диани Робинсон постигна 30 поени.

Се вчитува...