Бадел одигра шампионски – слатка одмазда против Вардар (фотогалерија)

Кошаркарките на Бадел на најдобар можен начин му се реваншираа на Вардар за двата порази во низа, по еден во Купот на Македонија и во првата лига, декласирајќи го големиот ривал со убедливи 79-48.

Видно мотивирани по последните неуспеси, „баделки“ доминираа во речиси целиот меч, максимално користејќи го отсуството на Муса во таборот на „црвено-црните“. За разлика од претходниот меч што го добија без репрезентативката, „црвено-црните“ овојпат немаа идеја во нападот, каде потфрлија тотално и заслужено претрпеа пораз. Клучна се покажа добрата одбрана на актуелните шампионки, надополнета со доминацијата во борбата под обрачите.

Првата четвртина заврши со минимална предност на Вардар од 16-17, но тоа беше се што оваа екипа успеа да стори. Бадел го доби вториот дел од мечот со 15-7, потоа и третиот со 31-15, разрешувајќи ги дилемите околу победникот уште пред четвртата четвртина, што Бадел ја доби со 17-9.

Димова со 16 поени беше најефикасна кај „баделки“, пред Лазареска и Стојановска со по 14 поени. Кај Вардар, Лазарова и Деловска постигнаа по десет поени.

Се вчитува...