Кошаркарките на Бадел поведоа со 1-0 во финалната серија од женскиот кошаркарски шампионат на Македонија откако славеа над Кам Баскет со 64-60. Слабото прво полувреме на гостите од Македонска Каменица беа пресудни за триумфот на скопскиот тим со кој му се одмазди на големиот ривал за поразот во финалето од националниот куп.
Александра Стојановска со 34 поени надополнети со 12 скока и четири асистенции беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените Анџелика Митрашиновиќ заврши со 22 поени, девет асистенции и осум скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА