Бадел со нови договори за две важни кошаркарки

Вицешампионот Бадел работи активно на комплтирање на тимот за наредната сезона откако „баделки“ денеска се пофалија со потписи на нови договори со две важни кошаркарки од ланскиот ростер.

„🏀Капитенот на нашиот тим, Јована Петрушевска и Љубица Бошкова и следната сезона ќе го носат дресот на Бадел 1862!

🏆Со нивното останување продолжуваме да го градиме тимот со јасна цел, нови предизвици и борба за највисоките дострели“, објави Бадел.

Претходно, овој тим се засили и со Сандра Лазаревска, којa повторно се активираше како играч и го избра токму Бадел за клуб чии бои ќе ги брани наредната сезона.

Се вчитува...