Екипата на Бадел 1862 е нов државен првак во М12 лигата во женска конкуренција откако во големото финале го совлада домаќинот Вардар со 40-44.
„Баделки“ почнаа одлично добивајќи ја првата чеетвртина со 9-22, но Вардар возврати во вториот период што црвено-црните го добија во своја полза со 14-2. Финишот беше израмнет, но Бадел со поените на Серафимовска и Трајковска се одлепи по 40-40, поведе со 40-44 и на крајот се закити со трофејот.
Серафимовска со 26 поени беше најзаслужна за победата на Бадел, додека најефикасни кај Вардар беа Чулиќ со 12 и Наумовска со 9 поени.
ФИНАЛЕН ТУРНИР М12 ЛИГА-ЖЕНИ
РЕЗУЛТАТИ
ПОЛУФИНАЛЕ
Вардар – Струга 2009 51:22
Петровски – Бадел 1862 20:63
НАТПРЕВАР ЗА ТРЕТО МЕСТО
Струга 2009 – Петровски 41:25
ФИНАЛЕ
Вардар – Бадел 1862 40:44
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
