Бадел убедливо го совлада Баскет Кам и го освои Суперкупот на Македонија

Кошаркарките на Бадел убедливо славеа над Баскет Кам со резултат 88-72 и се закитија со трофејот во Суперкупот на Македонија. Откако Баскет Кам стина до двојната круна минатата сезона, „баделки“ со денешниот триумф и супериорната игра најавија дека се решени да се вратат на тронот на женската кошарка.

Баскет Кам делуваше одлично на самиот почеток, поведе со 2-9, но набрзо следеше камбек на „баделки“, кои ја добија првата четвртина со резултат 22-19. Мечот беше решен во втората четвртина, што „баделки“ доминантно ја добија со 27-14 и си создадоа предност што потоа рутински ја одржуваа до самиот крај на мечот.

Кметовска беше доминантна со 26 поени и 12 скокови за победничкиот тим, каде одлична партија прикажа и Стојановска, која исто така оствари дабл-дабл, од 21 поен и 11 асистенции. Во таборот на Баскет Кам најефикасни беа Адамс со 27 и Алексиќ со 18 поени.

Се вчитува...