„Баделки“ го „треснаа“ големиот Партизан во ВАБА лигата

Кошаркарките на Бадел приредија вистинска сензација откако триумфираа на гости кај еден од најсилните кошаркарски колективи на Балканот, Партизан со 70-73. „Баделки“ како во грч го почнаа мечот и по првите десет минути имаа негатива од 12 поени (26-14).

И кога се мислеше дека македонскиот вицешампион ќе доживее нов пораз, Бадел одигра неверојатна втора четвртина во која на противникот му дозволи само девет поени и на полувреме зами со егал резултат (35-35).

Во второто полувреме во силна борба „баделки“ успеаја да бидат за нијанса подобри и да стигнат до триумф од 70-73. Кметовска со 31 поен беше најзаслужна за победата на Бадел, додека Трајчевска уфрли 13 поени.

Се вчитува...