„Баделки“ пропуштија да стигнат до сензација против Будуќност

Женскиот кошаркарски вицешампион на Македонија, Бадел пропушти голема шанса да стигне до сензационална победа против најдобриот тим на Балканот, Будуќност кој на крајот стигна до триумф од 69-64 во првиот натпревар од втората фаза во регионалната ВАБА лига.

„Баделки“ одиграа неверојатни три четвртини по кои имаа предност од 37-49, но падот во последниот период беше клучот за поразот на македонскиот тим. Кметовска со 29 поени и 9 скока беше прво име во нашиот табор, додека кај победничките Ѓорѓевиќ заврши со 25 поени.

 

Се вчитува...