„Баделки“ убедливо поразени од Војводина

Македонскиот претставник во женската кошаркарска ВАБА лига, Бадел Скопје забележа нов пораз во регионалното натпреварување. Овојпат подобар од македонскиот вицешампион беше српска Војводина со 59-80.

Слабата прва четвртина беше клучна за поразот на нашиот тим, откако постигнаа само осум поени во првите десет минути и веќе имаа негатива од 8-21. Залудно беше тоа што до крајот во мечот „баделки“ одиграа во егал со противникот, бидејќи оваа разлика веќе беше недостижна.

Бадел со овој пораз останува на последното место на табелата со само една победа, додека Војводина сега е четврта со скор од шест победи и исто толку порази.

Се вчитува...