Бади Хилд е број 1 во шутирање тројки

Максимално интересно беше и натпреварувањето во шутирање тројки на олстар-викендот во Чикаго, во кое по голема борба до трофејот стигна Бади Хилд.

Асот на Сакраменто во финалето се сретна со Девин Букер од Феникс, Хилд не тргна најдобро во финалната серија, но влезе во ритам кога беше најважно, па буквално со последниот шут го освои трофејот. За Хилд ова беше „поправен испит“, откако лани во финалето загуби од Џо Харис, но овопат не дозволи сличен краен епилог.

Се вчитува...