Баер Леверкузен го најде „новиот Чаби Алонсо“: Шпанец на клупата на „фармацевтите“

Екипата на Баер Леверкузен се одлучи кој ќе биде новиот тренер. Станува збор за Шпанецот Карлес Мартинез Новел, кој досега го водеше Тулуз.

42-годишникот ќе го замени Каспер Хјулманд, кој доби отказ по завршувањето на сезоната. Новел потпиша договор на две години.

Ова тренерско име е целосно изненадување, ако се има во предвид дека „фармацевтите“ беа во преговори со Андони Ираола, но тој на крајот се реши да ја прифати понудата од Ливерпул.

Се вчитува...