Баер Леверкузен го отпушти тренерот Шмит

Убедливиот пораз од 6-2 на гостувањето против Борусија Дортмунд ги натера челниците на Баер Леверкузен да се решат за тренерска смена. Денешниот состанок на бордот на директори на „фармацевтите“ траеше неколку часа, за на крајот да биде решено на Роџер Шмит да му биде врачен отказ од тренерската функција.

Со оглед на ситуацијата во која се наоѓаме, приморани сме да донесеме болна одлука за разделба од тренерот. Сметаме дека тоа е единствениот начин со кој би можеле да го вратиме тимот на посакуваните патеки, во обид да се остварат зацртаните цели“ – изјави директорот на „фармацевтите“, Михаел Шаде.

Баер Леверкузен моментно се наоѓа на деветтото место на табелата, со огромни 26 бода заостанување зад лидерот Баерн Минхен. Поразот од Борусија беше трет во низа за оваа екипа, која во меѓувреме ги загуби и шансите за пласман во четвртфиналето од ЛШ, откако на домашен терен го загуби првиот осминафинален дуел од Атлетико Мадрид со 2-4.

Се вчитува...