Баерн без уште еден стандарден првотимец против Херта

Томас Тухел се мачи да го врати победничкиот дух во редовите на Баерн Минхен, а дополнителен проблем му создаваат повредите на првотимците.

Алфонсо Дејвис е „во аут“ до крајот на сезонава, додека најдобриот стрелец Чупо Мотинг влече незгодна повреда на коленото и нема да може да настапи в недела против Херта. Згора на тоа, на вчерашниот тренинг се повреди Дајот Упамекано, францускиот дефанзивец има истегнат мускул на ногата и ќе мора да паузира најмалку две седмици од терените.

Проблем плус за Тухел беше што на денешниот тренинг не се појавија Коман и Горецка, но во таборот на Баерн владее оптимизам дека барем овие двајца фудбалери ќе можат да настапат на неделниот дуел.

Баерн по последниот пораз од Мајнц заостанува еден бод во однос на Борусија Дортмунд во трката за титулата во Бундес-лигата.

Се вчитува...