Левандовски, кој беше тоа: Баерн со најдобар старт во историјата на Бундес-лигата

Баерн Минхен делува застрашувачки на стартот од новата сезона, во која приврзаниците на баварскиот гигант експресно заборавија на Роберт Левандовски.

Баерн ја почна сезоната со триумф во Супер-купот на Германија над Лајпциг од 5-3, по што следеше победа во Франкфурт над Ајнтрахт од 1-6, славје над Волфсбург од „само“ 2-0 и вчерашниот триумф од 0-7 на гостувањето против Бохум.

Севкупно гледано, еден трофеј, девет освоени бода, со 15 постигнати и само еден примен гол. Без конкуренција најдобар старт на било кој тим во историјата на Бундес-лигата.

Се вчитува...