Баерн ги сака најдобрите, Баварците му нудат нов договор на Гнабри

Баерн Минхен има намера да потпише нов договор со напаѓачот Серж Гнабри до 2026 година, а на овој начин челниците на тимот од Минхен уште еднаш наајвуваат дека имаат намера во своите редови да ги задржат најдобрите фудбалери.

Фудбалерот веќе дал зелено светло за останување во тимот на Баерн, па Баварците веќе ги започнале преговарите со агентите на 26-годишниот играч на германската репрезентација и наскоро може да се очекува и финализирање на преговорите.

Сегашниот договор меѓу Гнабри и Баерн Минхен важи до јуни 2023 година. Напаѓачот веќе дојде до бројката од 3 гола на 5 натпревари во тековната сезона во Бундеслигата.

Се вчитува...