Тренерот на Баерн Минхен, Венсан Компани, беше задоволен од убедливата победа од 5:1 против Штутгарт, но истакна дека натпреварот не бил толку лесен како што покажува конечниот резултат.
„Заслужено победивме, но ова воопшто не беше лесен натпревар. Штутгарт е квалитетен тим и во одредени моменти ни создаваше проблеми. Мислам дека начинот на кој реагиравме беше многу добар“, изјави Компани.
Белгиецот особено го истакна карактерот на своите фудбалери и нивната способност да продолжат со висок интензитет и покрај отпорот на противникот.
„Не е лесно да победите со 5:1 против ваков противник. Резултатот можеби изгледа убедливо, но зад него стоеше многу работа. Мора да му оддадеме признание и на Штутгарт, бидејќи не ни дозволи да имаме лесен натпревар“, додаде тренерот на Баерн.
Компани смета дека ваквите натпревари се важни за развојот на неговиот тим и за одржување на високото ниво во текот на целата сезона.
„Најважно е што останавме концентрирани и продолживме да играме на наш начин. Тоа е нешто што сакам да го гледам кај овој тим“, заклучи Компани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
