Баерн Минхен дополнително се зацврсти на врвот од табелата во Бундеслигата откако во 5. коло повеќе од убедливо славеше со 7-0 против Бохум, во меч кој можеше да заврши и со поубедлив трумф за баварскиот тим.
Баерн уште во првото полувреме имаше предност од 4-0 со головите на Сане, Кимих, Гнабри и автоголот на Лампропулос.
Во вториот дел стрелаа и Левандовски, Кимих уште еднаш и Чупо-Мотинг.
Аугсбург триумфираше против Борусија Менхенхгладбах со 1-0, со голот на Нидерлехнер.
РЕЗУЛТАТИ – 5. КОЛО
Арминија Билефилд – Хофенхајм 0-0
Баерн Минхен – Бохум 7-0
Аугсбург – Борусија М. 1-0
Мајнц – Фрајбург 0-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА