Баерн им ги собра фудбалерите и тренерот, па лесно славеше во дербито против Лајпциг (ВИДЕО)

Баерн Минхен стигна до убедлив триумф од 1-4 над Ред Бул Лајпциг во 4. коло од германската Бундеслига. Откако им го „собра“ тренерот Јулијан Нагелсман и Упамекано и Сабицер, Баерн немаше проблеми против Лајпциг кој последните години е еден од најдобрите тимови во Германија.

Левандовски од пенал во 12. минута донесе водство за гостите, а стрелци за Баварците беа и Мусиала,Сане и Шупо Мотинг. Единствениот погодок за Лајпциг беше дело на Лајмер.

 

 

 

Се вчитува...