Баерн ја потпиша новата мароканска „ѕвезда“

Баерн Минхен денеска го официјализираше трансферот на Исмаел Саибари, новата ѕвезда на мароканскиот фудбал што блеска на СП 2026.

Баварците начелно го имаа договорено трансферот на одличниот офанзивец уште пред почетокот на мундијалот, ПСВ Ајндховен ја прифати понудата од почетни 55 милиони евра, а Саибари дополнително го привлече вниманието на гигантите по одличните игри во дресот на Мароко, постигнувајќи голови на трите средби во групната фаза на оваа селекција.

Беа највувани и понуди од други европски гиганти, но Саибари остана доследен на дадениот збор, воопшто не преговараше со нив и денеска потпиша договор со Баерн со важност до јуни 2031 година.

„Пресреќни сме што го осигуравме трансферот на Саибари, еден од највозбудливите напаѓачи на ова светско првенство. Ова не е случаен трансфер поради неговите добри игри на СП, туку резултат на долгорочно планирање. Ние бевме свесни за неговите квалитети уште пред овој шампионат, му ја објаснивме нашата визија и експресно се договоривме. Исмаел Саибари дава дополнителен квалитет во нашата офанзивна линија“, изјави првиот човек на Баерн, Макс Еберл.

Се вчитува...