Баерн ќе го избрка трансфер-промашувањето од 10 милиони евра

Јулијан Нагелсман важи за трпелив тренер, но стратегот на Баерн Минхен дефинитивно се откажа од намерата да го интегрира Микаел Куизанс како значаен дека од тимот на баварскиот гигант. Францускиот играч за врска воопшто не се наметна по 10 милиони евра вредниот трансфер од Борусија Менхенладбах, a дел од ланската сезона мина на позајмица во Олимпик Марсеј.

Тој се обиде да го импресионира Нагелсман со ангжаман на тренинзите, но експресно ја мина границата на нормалата откако со груби стартови ги повреди Сабицер и голманот Улрих. Токму тоа придонело за стручниот штаб да донесе одлука, за која веќе е известен и самиот фудбалер – Куизанс ќе мора да си замине веќе во јануарскиот преоден рок.

Тој ќе биде достапен на позајмица, бидејќи ниту еден клуб не сака да плати отштета, а според германските медиуми управата на Баерн е подготвена и да покрие дека од неговата плата до новиот тим, се со цел овој играч што ја нарушува атмосферата во тимот што поскоро да си замине од „Алијанц Арена“.

Се вчитува...