Баерн Леверкузен сигурен против Арминиа за изедначување со Баерн Минхен (ВИДЕО)

Баерн Леверкузен се изедначи со Баерн Минхен на врвот на табелата во германското првенство со 16 освоени бода откако славеше со 3-0 на гостувањето против Арминиа. Диаби во 18. минута ги донесе гостите во водство, а само минута подоцна беше поништен гол на домаќините поради офсајд.

До крајот на првото полувреме водство од 2-0 за Леверкузен донесе Шик во 24. минута, а репрезентативецот на Чешка стрелаше и во 57. минута. Конечниот резултат го постави Демирбеј од белата точка во првата минута од судиското продолжение.

 

Се вчитува...