Баерн мерка нов „милионер“: Џулијан Вајгл е наследникот на Чаби Алонсо?

Германскиот првак Баерн Минхен повторно „фрли око“ кон Дортмунд и најверојатно таму ќе го бара наследникот на Чаби Алонсо, одличниот играч за врска, кој објави дека ќе замине во пензија по завршувањето на оваа сезона. Баварците го ’меркаат’ Џулијан Вајгл, одличниот организатор на играта на „милионерите“, кој од позадина на фантастичен начин го диктира ритамот во составот на Томас Тухел. Токму таков профил му е потребен на Карло Анчелоти, фудбалер со одличен преглед на играта, прецизни додавања, одмерен и балансиран, кој во секој момент знае како да ги распореди и своите, а и силите на целиот тим.

Баерн Минхен, според германските медиуми, е подготвен да плати 45 милиони евра за да го доведе Џулијан Вајгл, кој веќе е и германски репрезентативец, на „Алијанц арена“. А, со тоа, секако, и ќе го ослаби значително својот ривал за следната сезона.

Во 2013 година, Баерн Минхен го купи Марио Геце од Борусија Дортмунд, следното лето во Минхен се пресели Роберт Левандовски, а во 2016 година и дефанзивецот Матс Хумелс. Дали сега дојде редот на Џулијан Вајгл?!

Се вчитува...