Баерн Минхен без Бернат во следните два месеци: Шпанецот успешно опериран

Шпанскиот интернационалец Хуан Бернат ќе го пропушти стартот на првенството во Бундес-лигата, откако заработи сериозно оштетување на лигаментите на коленото. Тој вчера беше успешно опериран и ќе паузира два месеци од фудбалските терени.

Бернат се повреди на пријателскиот натпревар против Милан (0-4) при еден дуел со противничкиот фудбалер Франк Кеси. По ова, веднаш ја напушти Кина, каде Баерн Минхен е на турнеја, и беше испратен назад во Минхен на детални медицински прегледи. Се покажа дека повредата ќе мора да биде санирана по хируршки пат, и во текот на вчерашниот ден на Бернат му е извршена планираната операција. Баерн Минхен излезе со информација дека Хуан Бернат ќе паузира околу осум седмици, опоравувајќи се од оваа повреда.

 

Се вчитува...