Баерн Минхен без тренерот Компани во полуфиналето на ЛШ

Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани беше бесен на судијата Славко Винчиќ кога не досуди прекршок врз Станишиќ од кој Реал постигна гол. Поради тоа тој заработи жолт картон, што значи дека нема да го води тимот од клупата на првиот полуфинален натпревар против ПСЖ.

Судијата Винчиќ се загуби целосно на мечот кога му додели втор жолт на Едуардо Камавинга, кој притоа беше исклучен од натпреварот, а тоа ги разбесни фудбалерите и стручниот штаб на Реал Мадрид.

Ситуацијата со жолтиот картон на Компани се случи кога Ридигер со лакот го удри Станишиќ, по што овој падна на земјата, но Винчиќ не реагираше, а во продолжение од акцијата Мбапе погоди тогаш за предност од 3-2. На крајот Баерн Минхен со два гола во финишот успеа да направи пресврт и да дојде до победата.

Се вчитува...