Баерн Минхен доби уште една „корпа“

Именувањето на нов тренер на Баерн Минхен нема да биде нималку лесна задача, откако се повеќе се намалува бројот на потенцијални кандидати за наследник на Нико Ковач.

Ерик Тен Хаг експресно ја отфрли можноста за преселба во Минхен изразувајќи желба да остане во Ајакс, а идентичен став имаше и Томас Тухел, кој ја покажа лојалноста кон ПСЖ. Весникот „Билд“ објави дека баварците се обиделе да ја искористат несигурната позиција на Германецот во Париз и да го убедат да го напушти „Паркот на принцовите“. Одговорот што експресно го добиле бил негативен, Тухел изразил желба да остане во ПСЖ согласно актуелниот договор што му истекува во јуни 2021 година.

Тој верува дека францускиот гигант се уште е вистинскиот клуб за него, со надеж дека конечно ќе дотурка далеку и во Лигата на шампионите и ќе успее да се вмеша во битката за европскиот фудбалски трон.

Според „Билд“, најголеми шанси сега му се даваат на Арсен Венгер, кој е слободен веднаш да го преземе клубот. Од останатите кандидати, Масимилијано Алегри посакува следниот ангажман да му биде во Премиер-лигата, додека Жозе Мурињо се уште чека Зинедин Зидан да се „лизне“ за „специјалниот“ да се врати во Реал Мадрид.

Се вчитува...