Германскиот гигант Баерн Минхен постигна усмен договор со крилниот напаѓач на ПСВ Ајндховен, Исмаел Саибари, во врска со неговите лични услови.
25-годишниот марокански репрезентативец е подготвен да им се придружи на Баварците и веќе имал телефонски разговор со новиот тренер на тимот, Винсент Компани.
Сега останува уште Баерн да се договори со ПСВ околу обесштетувањето, а според германските медиуми преговорите веќе се во полн ек. Клубовите се уште ги финализираат деталите околу договорот.
Според информациите, Саибари ќе потпише договор до 2031 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
