Баерн Минхен го најде виновникот: Оливер Кан „лета“ од клубот!?

Надзорниот одбор на Баерн Минхен би можел на 22. мај да го смени извршниот директор Оливер Кан, поради лошите резултати сезонава и борбата само на еден фронт – на титулата во Бундеслигата.

Кан инсистирал на смена на Нагелсман со Тухел, а тоа ги чинеше „Баварците“ елиминација од Купот и од Лигата на шампионите, па сега раководството на Баерн ќе ги „чисти“ своите редови, со цел подобро функционирање.

Германските медиуми пишуваат дека и натаму има дилема поради фактот што Баерн е во трка за шампионската титула, но ако таа биде загубена, тогаш Оливер Кан и дефинитивно ќе стане „поранешен“.

„Кан би можел да биде сменет 22 мај, но Хасан Салихамиџиќ ќе остане во клубот. Кан е најголемиот виновник за лошите резултати, затоа што тој одлучува за сите работи. Тој одлучи да го смени тренерот и да донесе играчи. Баерн не му одеше ниту со Нагелсман, не му оди ниту со Тухел. Челниците на клубот ќе расправат и за Салихамиџиќ, но единствено позицијата на Кан е загрозена во моментов“, наведуваат „Билд“ и „Скај“.

Овие медиуми тврдат дека во Баерн престојното лето ќе има „ремонт“, односно Мане и Гнабри ќе заминат, а можно е и искусниот Милер. Засега позицијата на Тухел не е загрозена. Баерн би можел да донесе нов голман, и сигурно нов напаѓач и нови крилни фудбалери.

Се вчитува...