Баерн Минхен го потпиша Двејн Вашингтон

Двејн Вашингтон е новиот кошаркар на Баерн, потврди тимот од Минхен.

Поранешниот дефанзивец на Партизан потпиша договор до 2028 година со германскиот тим и ќе остане во Евролигата во следните две години. Вашингтон важи за одличен стрелец, но сепак има и недостатоци во својата игра, особено кога станува збор за одбраната.

„Сè се случува со причина. Роден сум во Германија, сега имам 26 години и ќе играм таму. Многу сум возбуден поради атмосферата во Баерн и новиот почеток што сите ќе го имаме како тим со новиот тренер“, рече Вашингтон.

Се вчитува...