Баерн Минхен и со играч помалку пресилен за Гројтер (ВИДЕО)

Баерн Минхен стигна и до петата победа во Бундеслигата откако во шестото коло славеше на гостувањето против Гројтер со 1-3. Баварците си ја олеснија работата со два гола во првото полувреме, а и покрај тоа што останаа со играч помалку во 48. минута лесно стигнаа до новите три бода.

Томас Милер стрелаше за баварскиот клуб уште во 10. минута од мечот, а до полувремето на листата на стрелци успеа да се запише и Кимих. Павард доби директен црвен картон во третата минута од второто полувреме, но на семафорот „светна“ 3-0 откако во 68. минута од мечот Грајсберг постигна автогол.

До крајот на мечот Гројтер успеа да го намали водството на 1-3 со голот на Итен во 88. минута, но не и да дојде до шанса да се надева на изедначување.


Се вчитува...