Антон Гавел ќе биде нов шеф на стручниот штаб на Баерн Минхен, пренесуваат угледните европски кошаркарски медиуми. Поранешниот кошаркар на баварскиот клуб постигна комплетен договор со управата и од следната сезона ќе го наследи легендарниот Светислав Пешиќ, кој претходно најави заминување во пензија по завршувањето на тековниот шампионат.
За 41-годишниот словачко-германски стручњак ова е емотивно враќање во Минхен, каде што настапуваше како играч од 2014 до 2018 година и токму во дресот на Баерн ја заврши својата професионална кариера.
Најдобриот македонски кошаркар Ненанд Димитријевиќ во моментов е член на баварскиот гигант, но мала е шансата тој и следната сезона да го носи дресот на минхенскиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
