Баерн Минхен постигна договор за заминување на Брајан Сарагоса, кој кариерата ќе ја продолжи во Еспањол. Шпанскиот клуб ќе го добие 24-годишниот офанзивец на позајмица, но со задолжителна клаузула за откуп.
Еспањол по завршувањето на позајмицата ќе мора да го откупи договорот на Сарагоса за 8 милиони евра.
Сарагоса во изминатиот период не успеа да се наметне во плановите на Баерн, па минатата сезона ја помина на позајмица во два клуба. Прво настапуваше за Селта, а потоа се пресели во Рома.
Италијанскиот клуб имаше можност да го задржи Шпанецот со перманентен трансфер, но условите за активирање на откупот не беа исполнети и фудбалерот се врати во Минхен.
Сега Сарагоса повторно ќе се врати во шпанскиот фудбал, но овојпат како фудбалер на Еспањол. Доколку ги исполни условите од договорот, неговиот трансфер во каталонскиот клуб ќе стане перманентен за 8 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
