Баерн Минхен крена раце од Осимен

Баерн Минхен се откажа од трката по Виктор Осимен откако нигерискиот репрезентативец продолжи да блеска на фудбалската сцена, со што вртоглаво скокна и неговата вредност на пазарот. Иако претходно беа споменувани околу 80 милиони евра како доволна сума за потписот на голгетерот на Наполи, границата од 100 милиони евра е надмината уште пред неколку месеци, а според последните проценки клубот ќе го сака да го доведе Осимен ќе треба да обезбеди најмалку 150 милиони евра (130 за отштета и 20 милиони како бонус за самиот потпис), плус платата што ќе треба да му ја дава на нигерискиот голгетер.

Првиот човек на Баерн Минхен, Оливер Кан, во изјава за весникот „Билд“ изјави дека на еден ваков мегатрансфер гледа како на преголем ризик што тешко дека ќе може да биде исплатлив.

„Кога ќе слушнете за толкава сума за отштета, мора да се запрашате, дали тој фудбалер може да биде гаранција за успех, дека инвестицијата ќе ви биде исплатлива. Ризикот е огромен и не би сакале да влегуваме во вакви инвестиции“, изјави Оливер Кан.

Приотитет на Баерн во моментов е ангажман на Коло Муани од Ајнтрахт, додека што се однесува до Осимен, понуди за најдобриот стрелец на Серија А подготвуваат ПСЖ, Челси и Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...