Баерн Минхен со лесна победа над Арминија, ја задржа предноста на врвот на табелата од девет бодови пред Борусија Дортмунд, и пред нивната меѓусебна пресметка идниот викенд.
„Баварците“ со 0-3 победија на гостувањето кај Арминија, а се почна во 12. минута кога Лаурсен си постигна автогол. На 2-0 зголеми Гнабри пред истекот на првиот дел.
Во вториот дел Мусиала во 85. минута зголеми на 0-3. Интересно е тоа што Левандовски не се запиша во листата на стрелците на овој натпревар, а имаше само една асистенција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА