Откако во претходното коло си ја обезбедија новата шампионска круна во Бундеслигата, Баерн Минхен денеска во 31. коло си дозволи „излет натпревар“ на гостувањето против Мајнц кој, сепак, го доби со 3-4.
Баварскиот тим по првото полувреме имаше негатива од неверојатни 3-0, но со четири гола во второто полувреме дојде до целосен пресврт и победа од 3-4.
Стрелци на головите за Баерн беа Џексон, Олисе, Мусиала и Кејн во 83. минута од средбата.
Баер Леверкузен, пак, ја продолжува битката за четвртото место на табелата кое води во Лигата на шампионите следната сезона, откако триумфираше на гостувањето против Келн со 1-2.
Патрик Шик ги постигна двата гола за победа на Леверкузен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
