Баерн Минхен почнува да работи на трансферот на Кејн

Англискиот голгетер Хари Кејн, би можел следното лето да се пресели во Баерн Минхен. 29-годишниот голгетер е главна цел на „Баварците“ за наследник на Роберт Левандовски кој летово замина во барселона.

Во моментов Баерн одлучува дали му треба вистински класичен шпиц, со оглед дека Садио Мане како крилен напаѓач игра како истурен шпиц. Доколку се одлучи, што е многу веројатно, тогаш првиот избор ќе биде Хари Кејн.

Се појавија информации дека Баерн Минхен го известил агентот на Кејн дека е подготвен да достави понуда, доколку голгетерот се одлучи да не го продолжи договорот со Тотенхем.

Се вчитува...