Баерн Минхен се засили со светски шампион (ФОТО)

Евролигашот Баерн Минхен го потврди ангажманот на германскиот репрезентативец Јустус Холац кој официјално потпиша договор до 2028 година со кој воедно и се врати назад во татковната.

Германскиот репрезентативец од 2023 година беше дел од словенечкиот тим Цедевита Олимпија, но настапуваше за Ефес како позајмен играч. Во истанбулскиот тим имаше скромна минутажа по што се одлучи за нова промена на средината. За него тоа ќе биде шестти клуб во кариерата бидејќи претходно настапуваше и за Ведел, Хамбург и Бреоган.

Се вчитува...