Фудбалерите на Баерн Минхен стигнаа до титулата во „Франц Бекенбауер“ суперкупот на Германија откако вечерва славеа против големиот ривал Борусија Дортмунд и тоа на нивниот „Сигнал Идуна“ парк со 1-2.
Баварците поведоа со 0-1 со голот на Браун во 28. минута. Милионерите израмнија на 1-1, но по проверка на ВАР поради офсајд беше поништен голот на Бенсебаини. До крајот на првиот дел беше 0-2 откако Мајкл Олисе прецизно стрелаше во првата минута од судиското надополнување. Домаќинот намали на 1-2 во 75. минута преку Силва, а до крајот за издвојување е и директниот црвен картон на Бенсебаини во 90. минута.
Dortmund 0 – [2] Bayern Munich – M. Olise 45+1'
byu/eliseihado insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
