Баерн Минхен со порака до Реал: Олисе не е на продажба!

Сагата околу Мајкл Олисе во Реал Мадрид продолжува, но од таборот на Баерн Минхен се смирени, и очекуваат Французинот да остане и натаму верен на „Баварците“.

Наводно самиот Олисе изразил желба да им се приклучи на „кралевите“, по што во Баерн наводно имало итен состанок, на кој сите од раководството се согласиле дека тој не е на продажба. И не само тоа, туку се уверени дека ќе потпишат нов договор со фудбалерот.

Претходно претседателот Флорентино Перез уверуваше дека тимот не преговара со Олисе, а на Баерн му оди во прилог фактот што ниту играчот ниту агентот не ги известил челниците на „Баварците“ дека сака да си замине ова лето и покрај медиумските шпекулации.

Се вчитува...