Челниците на германскиот шампион Баерн Минхен веќе прават планови за периодот по заминувањето на англискиот напаѓач Хари Кејн од клубот.
Договорот на Кејн со Баерн е до јуни 2027 година, па клубот сака да биде подготвен на време доколку соработката не се продолжи.
Затоа веќе составиле список на потенцијални наследници. Според достапните информации, на него е и напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Бенјамин Шешко.
Словенечкиот репрезентативец е еден од играчите што Баерн ги следи внимателно. Неговите игри го привлекоа вниманието на бројни европски гиганти, а меѓу заинтересираните е и баварскиот клуб.
Засега нема информации дека Баерн започнал конкретни преговори во врска со евентуален трансфер. Станува збор за долгорочен план со кој клубот сака да обезбеди квалитетно решение во врвот на нападот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
