Му даде гол на Бразил на СП, па сега ќе потпише за Баерн

Исмаел Саибари ќе стане нов играч на Баерн Минхен. 25-годишниот напаѓач се договорил за сите услови со германскиот шампион, а коцките се наредени и за тимот на ПСВ Ајндховен. Мароканскиот фудбалер пред два дена ја затресе мрежата на Бразил на мечот од првото коло од групната фаза, па сега ќе го реализира и трансферот од соништата.

Наскоро сè ќе биде официјализирано. Саибари ќе стане нов играч на Баерн и ќе патува во Минхен по Светското првенство, каде што е со мароканската репрезентација.

Овој фудбалер ќе биде подложен на медицински прегледи во Соединетите Американски Држави. Тимот од Минхен ќе ја заврши својата работа во тренинг кампот на мароканската селекција, а потоа ќе биде потпишан договорот.

Исмаел Саибари е роден во Шпанија, но своите први фудбалски чекори ги направил во Белгија, чиј пасош го поседува. Играл за младинските тимови на Андерлехт, Мехелен и Генк.

Тој е во ПСВ од 2022 година. Експлодираше во првиот тим многу брзо и има 42 гола и 29 асистенции во 142 настапи.

Се вчитува...