Баерн Минхен за половина час го реши Шалке во Купот

Баерн Минхен се пласира во полуфиналето на Купот на Германија, откако на убедлив начин го совлада Шалке 04 на „Алијанц арена“ со 3-0. Избраниците на Карло Анчелоти ја завршија целата работа за половина час, кога ги постигнаа и сите три гола на овој меч.

Роберт Левандовски уште во третата минута го доведе Баерн Минхен во водство, а Тијаго Алкантара во 16.минута зголеми на 2-0. Полскиот интернационалец Левандовски уште еднаш се запиша во листата на стрелците во 29.минута, по што беше сосема јасно кој тим ќе патува меѓу четири најдобри екипи во Германија во ова натпреварување.

1st HALF All Goals | Bayern 3-0 Schalke – 01… by EarthSavii

Се вчитува...