Баерн му одговори на Перез: „Немој да се трудиш…“

Шпанските медиуми изминативе денови постојано тврдат дека фудбалерот на Баерн Минхен, Михаел Олисе е цел на Реал Мадрид, а Флорентино Перез е подготвен да понуди рекордни 150 милиони евра за неговите услуги.

Но, во Минхен не сакаат да слушнат за заминувањето на францускиот репрезентативец.

Претседателот на Баерн, Херберт Хајнер имаше јасна порака до Флорентино Перез.

„Доколку Флорентино Перез сака да ни испрати понуда за Олисе, што досега не се случило, не мора премногу да се труди“ – рече Хајнер и додаде:

„Михаел Олисе е играч на Баерн врзан со долгорочен договор. Нема да го продадеме“, е јасната порака од тимот од Минхен.

Реал веќе ги потпиша Дензел Дамфрис и Ибрахим Конате. Се очекуваат голем број засилувања во наредниот период, па ќе видиме дали Олисе навистина ќе биде едно од нив.

Доаѓањето на Жозе Мурињо како тренер на кралскиот клуб треба да се официјализира денес. Специјалниот се враќа во Мадрид по 13 години.

Се вчитува...