Иако искусниот Мануел Нојер би требало уште неколку години да биде дел од Баерн Минхен, сепак, „Баварците“ уште од сега се подготвуваат за негова замена. Нојер во моментов е надвор од терените поради повреда која ја заработи на скијање, а се шпекулира дека челните луѓе на Баерн му замеруваат за тој негов потег.
Сепак, останува да се види како ќе се однесува самиот голман и челните луѓе на најтрофејниот германски тим кога Нојер ќе се врати од повредата, а во меѓувреме Баерн е во потрага по нов голман. Изборот наводно паднал на чуварот на мрежата на Андерлехт, Барт Вебруген.
20-годишниот холандски голман го сврте вниманието кон себе со одличните одбрани оваа сезона, а веќе се редат екипи кои се заинтересирани за неговите услуги. Баерн уште од сега сака да го ангажира Вебруген, за да осигура идна замена за Нојер, кому деновите веќе му се одбројани, и може да брани уште 1-2 сезони, но потоа на Баерн ќе му треба нов чувар на мрежата.
За Вебруген се претпоставува дека ќе биде идниот холандски голман број 1 и во националниот тим на „лалињата“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА