Баерн не ризикува: Мусиала го пропушта стартот на сезоната

Џамал Мусиала ќе почека за своето враќање на фудбалските терени откако лекарскиот тим на Баерн Минхен донесе одлука тој да продолжи со мирување за да може да се стабилизира состојбата во која неочекувано се најде големиот талент на германскиот фудбал.

Мусиала колабираше на два пријателски натпревари во низа по што самиот обелодени дека има специфична невролошка болест што придонесува на моменти да губи свест.

Баварците беа жестоко критикувани што неколку дена по првиот инцидент дадоа зелено светло за Џамал веднаш да се врати на терените, по што беа извршени нови детални прегледи и препорачано мирување во период меѓу 10 и 14 дена.

Поради тоа репрезентативецот воопшто не беше во комбинација за суперкупот против Борусија Дортмунд, а Мусиала нема да биде повикан ниту за премиерниот дуел од новата сезона против Штутгарт.

Германските медиуми сепак најавуваат дека паузата на Мусиала нема да биде долга и дека тој веќе наредната седмица би требало да се приклучи на тренинзите на Баерн, а потоа во зависност од одлуката на тренерот Компани и да дебитира во новата сезона.

Се вчитува...