Баерн не знае да победува без Левандовски

Баерн Минхен дефинитивно има сериозен проблем кога во своите редови го нема Роберт Левандовски. Откако загуби од Реал Мадрид во ЛШ, баварскиот гигант денеска ремизираше 0-0 на гостувањето против Баер Леверкузен, уште еден меч на кој Полјакот не настапи поради повреда, а Томас Милер не се снајде како најистурен во нападот на Баерн.

Избраниците на Карло Анчелоти имаат за што да жалат, уште повеќе ако се знае дека во последните триесет минути играа со фудбалер повеќе по исклучувањето на Једвај. Сепак, поголемиот посед на топката не донесе и победнички погодок, Лам и Робен промашија шанси во самата зашврница, откако претходно од одлични ситуации не реализираа и Коман, Милер и Видал.

Баерн и покрај ова реми има одлична предност во однос на ривалите, дури седум бода повеќе пред второпласираниот Лајпциг.

Се вчитува...