Баерн одлучи: Нема покачување на платата на Левандовски, може да си оди за 40 милиони евра

Откако понудите од ПСЖ и од Манчестер Јунајтед за Роберт Левандовски биле одбиени, се појавија шпекулации дека одличниот полски голгетер оди во Барселона. Меѓутоа најновите информации велат дека тоа тешко ќе се случи.

„Кикер“ јавува дека Левандовски засега е далеку од трансфер, и дека Баерн ги искажал своите одлуки околу својот напаѓач. Тие наводно се подготвени на нов договор, меѓутоа под истите услови, односно 24 милиони евра годишно, колку што во моментов заработува.

Исто така „Баварците“ одлучиле дека доколку тој реши да замине, за него ќе бараат минимум 40 милиони евра.

Договорот со Левандовски истекува идната година, но сега е многу блиску до продолжување на соработката. За Баерн одигра 42 натпревар сезонава, и постигна неверојатни 47 гола.

Се вчитува...