Баерн ослабен во битката за титулата: За Дејвис заврши сезоната

Баерн Минхен официјално објави дека ќе биде без услугите на одличниот лев бек Алфонсо Дејвис до крајот на сезоната. 22-годишниот канадски репрезентативец доби повреда на натпреварот со Мајнц, без никаков дуел, кога одеднаш само падна на тревата.

Прегледите покажаа дека станува збор за сериозна повреда на ложата, поради која Баерн ќе биде без него во битката за титулата во Германија во последните пет кола.

Баерн може да остане без ниту една титула сезонава, откако претходно беше елиминиран од Лигата на шампионите и од Купот. Тоа ќе биде целосен дебакл за баварскиот тим, кој во тој случај ќе го чека бурно лето и можни промени во играчкиот и во раководниот кадар.

И нивниот директен ривал за титулата Борусија Дортмунд ослабена ќе влезе во последните пет кола во битката за титулата. Денеска беше откриено дека стоперот Нико Шлотербек ќе паузира до крајот на сезоната, иако оваа информација не беше потврдена.

Се вчитува...