Баерн почне да „спие“, Мајнц зеде бод на „Алијанц арена“

Баерн Минхен како да губи здив во финишот од сезонава, па баварскиот гигант по елиминацијата од ЛШ повторно потфрли, овојпат во рамките на Бундес-лигата на домашен терен против Мајнц (2-2) Иако против себе имаа тим што претрпе четири порази во последнитет пет бундеслигашки кола, избраниците на Карло Анчелоти беа далеку под своето вообичаено ниво. Мајнц дури и два пати водеше на овој натпревар, со головите на Кркиќ и на Бросински (од пенал), па Баерн на крајот едвај успеа да стигне до еден бод благодарение на погодоците на Робен и на Тијаго.

Хамбургер си ја искомпликува судбината во битката за опстанок откако неочекувано загуби со 01-2 на домашен терен од Дармштад, тим што е „закован“ на последното место на табелата.

Ајнтрахт со три гола во последните дванаесет минути го сврте резултатот против Аугсбург и со победа од 3-1 ја прекина низата слаби резултати од последнит месеци.

Интересно беше и во Берлин, каде Херта триумфираше над Волфсбург со 1-0 со голот на Ибишевиќ во 58. минута.

Резултати Германија:

Ајнтрахт – Аугсбург 3-1, Баерн М. – Мајнц 2-2, Херта – Волфсбург 1-0, Хамбургер – Дармштад 1-2, Инголштад – Вердер 2-4.

All Goals & Highlights HD – Bayern Munich 2-2… by arcturusmedia33
Vedad Ibisevic GOAL – Hertha Berlin-t1-0… by FOOTBOLEE
All Goals & highlights – Eintracht Frankfurt 3… by goalsarena2017

Се вчитува...