Баерн преспа едно полувреме, па го освои Фрајбург

Баерн Минхен славеше на гостувањето против Фрајбург со убедливи 1-4, меч на кој сите пет погодоци беа постигнати во второто полувреме. Првиот дел беше „приспивна“, но и увертира за возбудувањата во вторите 45 минути во кои баварскиот гигант ја наметна својата доминација и стигна до триумф со кој се зацврсти на првото место на табелата.

Баерн прв дојде до водство преку Горецка, откако германскиот репрезентативец највисоко скокна по центаршутот на Кимих и ја смести топката во мрежата. Ситуацијата се промени со влегувањето на Петерсен во 62. минута, откако истиот фудбалер нецела минута подоцна погоди мајсторски крај Мануел Нојер за израмнување на 1-1.

Сепак, тоа беше се од домашниот состав бидејќи Баерн ги одигра шампионски завршните дваесетина минути, преку Гнабри и Коман стигнувајќи до победата, запечатена во 96. минута преку Сабицер.

Баер Леверкузен славеше со 2-1 над Херта Берлин, продлабочувајќи ја кризата на гостинскиот тим. Аларио и Белараби беа стрелци на головите за „фармацевтите“ во првото полувреме, а домаќините во вториот дел пропуштија неколку одлични шанси да стигнат до уште поубедлив триумф.

Резултати Германија:

Арминија – Штутгарт 1-1, Фрајбург – Баерн М. 1-4, Хофенхајм – Бохум 1-2, Ајнтрахт – Гројтер 0-0, Баер Л. – Херта 2-1.

Се вчитува...