Баерн продолжува по ист рецепт: Го ангажираше најдобриот лев бек во Германија

Натаниел Браун, левиот бек кој играше стандарно и за германската репрезентација, потпиша петгодишен договор со најголемиот германски клуб Баерн Минхен. Со тоа продолжува политиката на „Баварците“ да ги ангажира најдобрите играчи во Бундеслигата.

Браун играше стандарно на позицијата лев бек за Германија, која испадна во 1/16 финалето на Мундијалот од Парагвај. Тој доаѓа од редовите на Ајнтрахт Франкфурт.

Тој е второто големо засилување на „Баварците“ за само неколку дена, откако претходно пристигна мароканскиот репрезентативец Исмаел Саибари.

Се вчитува...